Мини самит на медитерански земји од ЕУ во Атина

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска е домаќин на лидерите на медитерански земји – членки на Европската унија, на таканарчен самит ЕУМед во Атина на кој ќе учествуваат функционери од Франција, Италија, Португалија, Малта, Кипар и Шпанија.
На самитот ќе се разговара за економска политика, миграција и безбедност, а очекувањата се дека на состаноците ќе се зајакнат врските меѓу јужноевропските медитерански земји пред самитот на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи следната недела во Братислава.
Покрај грчкиот премиер, на средбата ќе присуствуваат и претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци, малтешкиот премиер Џозеф Мускат и португалскиот премиер Антонио Коста, додека Шпанија ќе ја претставува државниот секретар за европски прашања Фернандо Егуидазу.
Според владини извори, во однос на економска политика, Грција ќе побара мерки за раст, намeсто за штедење, подобро искористување на фондовите на ЕУ и заштита на правата на работниците. Во врска со прашањето за миграцијата, Атина, меѓу другото, ќе упати повик за поголема поддршка на договорот меѓу ЕУ и Турција и зајакнување на Европската служба за азил.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
