Loading Video...
Фудбал
9. February 2021 - 16:24

Минхенски Баерн против Тигрес во финалето на Светското клупско првенство

Европскиот шампион Барн Минхен и првакот на Централна и Северна Америка Тигрес ќе игра во финалето на светското клупско првенство што се одржува во Катар. 
 
Минхенски Баерн место во финалето обезбеди со победата од 2:0 над екипата на Ал Ахли. 
 
Двата гола за европскиот шампион ги постигна најдобриот европски фудбалер за ланската сезона Робер Левандовски и тоа во 17-тата и во 86-тата минута од средбата. 
 
Финалето меѓу Баерн Минхен и Тигрес ќе се игра на 11 февруари од 19 часот, а претходно (16 часот) за третото место ќе се надигруваат Јужноамериканскиот и првакот на Африка, односно фудбалерите на Палмеираш (Бразил) и Ал Ахли (Египет).