Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот
Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени од системот за сателитски мониторинг Коперник на Европската унија.
Соопштено е дека минатомесечната просечна температура на воздухот на површината била измерена како 14,14 степени.
Се вели дека ова мерење е 0,73 степени над просекот од јануари 1991-2020 година и 0,10 степени над претходниот најтопол март забележан во 2020 година.
Од мониторингот посочуваат дека март годинава бил најтопол ако се земат мерењата на глобално ниво.
Во соопштението се наведува дека глобалната просечна температура во последните 12 месеци (април 2023 – март 2024 година) била 0,70 степени Целзиусови над просекот од 1991 до 2020 година.
Надвор од Европа, натпросечни температури се забележани во Северна Америка, Гренланд, источна Русија, Централна Америка, делови од Јужна Америка, многу делови од Африка, јужна Австралија и делови од Антарктикот.
„Запирањето на затоплувањето бара брзо намалување на емисиите на стакленички гасови“, рече заменик-директорката на службата за климатски промени Коперник, Саманта Бурџис.
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје