Минатата година имало загадување меѓу 145 и 177 денови
Жителите на Скопје во текот на минатата година дишеле загаден воздух со високи концентрации на ПМ10 честичките меѓу 145 и 177 денови.
Најмногу загадени денови лани 177 имало во Гази Баба, потоа Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови.
Во текот на ноември, декември и јануари било најзагадено. Според мерењата на мерните станици на Министерството за животно средина се регистрирани концентрации на ПМ10 честичките над дозволеното 27 денови во Гази Баба и кај Ректоратот, 24 во Лисиче и 22 дена во Центар и Карпош. Во декември загадувањето било големо кај Ректоратот 29 денови, Лисиче 28, Гази Баба 27 и во Центар и Карпош 26. Во јануари, исто така, загадување имало 28 денови во Лисиче, 27 во Центар и Гази Баба, 26 кај Ректорат и 25 во Карпош.
Во октомври бројот на денови со загаден воздух кој го дишеле скопјани изнесувал 16 во Карпош, 15 во Центар и кај Ректорат, 14 во Гази Баба и 9 во Лисиче. Во септември 14 денови биле загадени во Карпош, 11 во Центар и Лисиче, 10 во Ректорат.
Во август загадување имало по девет денови во Гази Баба и Лисиче, пет кај Ректорат, 3 во кКрпош и 2 во Центар.
Загдување не е забележано во текот на јули минатата година и мај кога концентрациите биле надминати само еден ден во Центар.
Во јуни имало загадување 10 дена во Гази Баба, пет кај Ректоратот, 4 во Центар и 1 во Карпош. Во март имало 18 дена загадување во Гази Баба, 12 во Лисиче, 10 во Ректорат, седум во Центар и 4 во Карпош. Во април во Центар е регистрирано загадување 10 дена, кај Ректорат 6, Карпош 4, и во Лисиче 3. Во февруари било загадено 22 дена во Лисиче, 21 во Гази Баба, 20 во Центар, кај Ректорат 19 и 18 во Карпош.
Загадување на воздухот има и во текот на првиот месец од годинава. Надминувања се регистрирани во над 20 денови од јануари.
Утрово концентрациите во скопските општини се движат од 197,49 во Карпош, 162,79 во Центар, 148,18 кај Ректорат, 101,57 во Миладиновци, Лисиче 97,99 и 96,88 во Гази Баба.
Дозволени концентрации на ПМ10 честички на метар кубен се 50 микрограми.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени