Македонија
24. August 2018 - 14:49

Милошовски ќе го бојкотира референдумот

 Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став.
 
- Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин и е во согласност со демократските традииции на РМ од 2004 година и Кодексот на Венецијанската комисија при советот на Европа од 2007 година, вели Милошовски во соопштението што го испратил до Џафери.
 
Пратеникот Милошовски, притоа бара од македонското Собрание да му обезбеди средства предвидени за таа намена