Милошоски: Пратениците со безбедносни сертификати имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со неколкумина други пратеници со безбедносни сертификати побараа увид во договорот со „Бехтел и Енка“, денеска изјави дека тие имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“.
-Прво, би сакал да кажам дека според Уставот и според Законот за класифицирани информации пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“, а не некои владини министри да ги прераскажуваат тие документи во Собранието. Пристап е да го имате документот и договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот, рече Милошоски во изјава за медиумите.
Зборувајќи за вчерашната најава на претседателот на Собранието Талат Џафери дека договорот ќе биде презентиран, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Џафери со ваквиот став не личи како прв помеѓу пратениците.
Тој потенцира дека криењето на договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле, како што рече, „Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал“.
-Секој премиер или министер којшто потпишал добар договор во интерес на државата или граѓаните би сакал тој договор да го види јавноста и обратно, секој оној кој што крие договор од јавноста, само ги потврдува сомнежите дека тој договор е на штета на буџетот и има клаузули кои што се податливи за корупција и криминал, рече Милошоски.
Ново на Сител
-

Со фалсификат за англиски набавен во Бугарија станала директорка на средно во Делчево
-

Орбан: Унгарија ќе ја тужи Европската комисија ако го занемари ветото за Русија
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани
-

РСБСП: За време празникот 8 Декември, возете безбедно - стигнете сигурно!
-

Вицепремиерот Николоски учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел
-

Затворени училиштата во Атина поради невремето „Бајрон“ - предизвика сериозни проблеми и поплави
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер
