Милошоски, Митревски и Бендевска кандидати за потпретседатели на Собранието
– Пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се кандидатите за потпретседатели на Собранието на Република Северна Македонија кои денеска ги утврди Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На денешната седница, со еден глас против, Комисијата го донесе и решението за добивање на апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли.
Беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.
Комисијата го усвои и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на членот Арбен Исаку.
Со мнозинство гласови, денеска беше утврдена и Предлог – одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна МакедонијаПод точката разно, претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, ги информираше членовите дека потпишал решенија за плата на сегашните пратеници на кои што Собранието им го верификувало мандатот, на координатори на пратенички групи, на избрани претседатели на работни тела, на новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски, како и на поранешна претседателка на судот, Добрила Кацарска.
Ново на Сител
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите
-
Три лица, од кои еден малолетник, пресретнале возило, го нападнале возачот и му го одзеле мобилниот телефон