Милошоски: Ковачевски и Османи го кријат предлогот, нивните штетни преговори ја доведоа Македонија во оваа положба

Почитувани,
Денешната прес конференција ја држам на тема двајца манипуланти Димитар Ковачевски и Бујар Османи.
Овие двајца политичари, едниот премиер, другиот министер за надворешни работи не запираат со манипулациите кон македонската јавност, особено за процесот на евроинтеграции, спорот со Бугарија и понижувачките предлози кои што ги прифаќаат, тврдат дека имаа некакви забелешки, и лажат дека истите се видоизменети.
После онаа легендарна лага од 2018 година во која што учествуваше Бујар Османи дека сме добиле датум за преговори кои што го гледаме дека го немаме, вчера се случи уште една голема лага со која што Димитар Ковачевски се обидува да го покрие дебаклот на македонската дипломатија.
Премиерот Ковачевски се обиде да ги изманипулира новинарите, јавноста и политичките партии дека неговото “НЕ“ во Брисел предизвикало суштинско видоизменување на францускиот предлог за преговарачка рамка за да многу брзо потоа биде демантиран од министерската за надворешни работи на соседна Бугарија, а денеска е демантиран и од француската амбасадорка во Софија која што е акредитирана од Макрон да биде претставник и гласноговорник на француската политика како амбасадорка.
Затоа бараме од Димитар Ковачевски да престане со овие манипулации, да го објави предлогот и да види целата јавност дека овој предлог суштински е истиот со она за коешто македонската јавност веќе изгради широк консензус дека е неповолен за државата, понижувачки е, не ги решава споровите со Бугарија и не не носи до целта која што ја замислуваме во минативе 20 години, а тоа е полноправно членство во ЕУ.
За ваков предлог не е доволно да се консултира Ковачевски само со коалиционите партнери и со одбрани невладини или провладини здруженија, за ваков неповолен предлог на преговарачка рамка кој што е голем дебакл за македонската дипломатија треба Владата да даде оставка, да распише предвремени парламентарни избори и народот да одлучи на кој начин смета дека треба да продолжи да се движи Република Македонија во правилна насока.
ВМРО-ДПМНЕ го чувствува револтот на граѓаните, оправданото незадоволство коешто се акумулира заради манипулирањето на Ковачевски и на Бујар Османи и ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите можни демократски опции за канализирање на тој револт во Собранието и надвор од Собранието.
Но, ваквиот предлог не смее да помине бидејќи Македонија со ова губи, се понижува, а на надворешно политички план нема да ја постигне целта ниту за членство во ЕУ, ниту за подобри пријателски рамноправни односи со Бугарија.
Ново на Сител
-

Пораст на заболените од грип во државава
-

Починат 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино по кого се трагаше од јануари годинава
-

Секој трети граѓанин во земјава дал мито за да му се заврши некоја работа, покажуваат податоците на МЦСМ
-

Спречен обид за криумчарење на два тона фалсификат прашак за перење штетен по здравјето на граѓаните и животната средина
-

Одбраната на обезбедувањето тврди дека не постоел план и договор за физичко обезбедување на „Пулс“
-

Општина Бутел сруши дивоградба во Визбегово
-

Измама со лажен несреќен случај, измамена 70-годишна битолчанка за сума од 20.000 евра
-

Град Скопје со предлог - препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
