Македонија
29. May 2021 - 19:17

Милошоски: Кој лаже Заев или Битиќи, дали граѓаните ќе бидат оптоварени и со кризен данок?

Дали стопанството и граѓаните ќе бидат оптоварени со плаќање и на кризен данок?

И кој лаже, дали вицепремиерот Битиќи кој вика дека се разговара за воведување на кризен данок, или Заев кој вика дека не се разговара за тоа?

Како и да е, самата тема упатува на заклучок дека недомаќинското трошење на парите на даночните обврзници и високото ниво на корупција, го доведоа буџетот во загрижувачки критична состојба.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ