Македонија
29. јуни 2023 - 10:59

Милошоски: Како држава кон ветувањата подобро е да сме претпазливи отколку повторно разочарани

Како држава кон ветувањата подобро е да сме претпазливи отколку повторно разочарани, ова го напиша на Фејсбук пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц, дека "нема да има нови услови од Бугарија" освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија. Затоа, како држава кон ветувањата од ЕУ, подобро е да сме претпазливи, отколку повторно разочарани“, напиша Милошоски на Фејсбук.