Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината. Во воведниот збор на судењето што се одржа во дигиталната судница при КПУ Идризово, Обвинителството нагласи дека покрај вината за кривичните дела, ќе ја докажат и институционалната распаднатост во АД ЕСМ.
- Покрај тоа што ќе го докажеме сторувањето на кривичните дела, ќе ја докажеме и моралната и институционална распаднатост во АД ЕСМ во период кога обвинетите управувале со правното лице. Пред нас стои организирано и злосторничко здружување на кое државата им го доверила производството на електрична енергија. Наместо чесно да ја исполнат својата должност и да се оддолжат на државата што им поклонила верба да раководат, избрале да злоупотребат. Ова е удар врз граѓанинот кој со секоја платена сметка верува дека системот за производство на електрична енергија функционира, рече обвинителката Наташа Поп Трајкова.
Дополни дека ќе се докаже и дека најавениот адитив предизвикал и штетни последици по здравјето на граѓаните.
- Ќе докажеме дека јавниот интерес бил свесно запоставен, а набавениот адитив предизвикал и штетни последици по здравјето на граѓаните. Набавката на адитив немала за цел да се обезбедат услови, туку да се стекне противправна имотна корист, дополни таа.
Случајот „Адитив“ се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Обвинети се над 30 физички лица и пет правни лица, меѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор. Обвинети во случајот се Васко Ковачевски, Васко Стефанов, Маја Јорданова, Адријан Муча, Данчо Стојановски, Небојша Стојановиќ, Пеце Матевски, Милица Стојановиќ, Пецо Стојановски, Мирко Стојановиќ, Ранко Стојановиќ, Драган Силјановски, Пеце Чалески, Зоран Наумовски, Снежана Макариоска, Мира Василевска, Владо Мицески, Стојан Мицкоски, Неџбудин Нуредини, Драган Чакароски, Дијана Савеска, Влатко Алексовски, Александра Стојановска, Игор Алексовски, Велимир Алексовски, Сузана Алексовска, Тошо Матески, Златко Трпески, Васко Јосифовски и Александар Пасков.
На обвинетиот Ковачевски ќе му се суди во отсуство бидејќи е недостапен за органите на прогон. Додека, за обвинетиот Саша Крстевски, судот денеска донесе одлука постапката да се води одвоено, поради здравствени причини.
Обвинети се и пет правни лица помеѓу кои „Хем Алијанс ДООЕЛ Неготино“, „Дади Трејд ДООЕЛ Велес“, „Контракси компани“ и стоматолошка ординација од Велес. Нивните претставници денеска, исто така, изјавија дека правните лица немаат вина.
Следното рочиште е закажано за 26 јуни во 9:30 часот. Процесот го води судијката Даниела Димовска.
Ново на Сител
-
Приведен 34-годишен дилер од Штип, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и дигитални ваги
-
Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци
-
Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура
-
Швајцарска долина се подготвува за евакуација по уривањето на глечер
-
Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига
-
Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот
-
ТФТ се избори за четврти натпревар во финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром
-
Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период во рамки на Оперативниот план за 2025 година