Милорад Додик е на црната листа на ИД

Претседателот на Република Српска Милорад Додик се наоѓа на 11-тото место на „црната европска листа за отстрел“ на Исламската држава, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.
Весникот потврдува дека Додик лично ја потврдил оваа информација.
- Неодамна дознав дека сум 11-ти на црната листа на ИД, изјави претседателот на РС.
Во листата на ИД се претседатели и премиери на земјите од ЕУ и регионот, меѓу кои и претседателот на Франција Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Белгија Шарл Мишел и други државници, кои секојдневно се спротиставуваат на се посилниот исламски екстремизам во Европа, пишува „Блиц“.
Експертот по прашањето за безбедност Џевад Галиашевиќ изјави дека ИД има список за отстрел, во кој се наведени нејзините најголеми противници.
- Верувам дека претседателот на РС, Додик, е на таа листа на ИД. Тој исто така е единствениот човек од БиХ, кој се наоѓа на мета на исламистите, изјави Галиашевич.
Тој додаде дека името на Додик се нашло на тој список поради спротиставувањето на исламизацијата во БиХ.
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
