Милитанти убија полицаец во напад врз пункт за вакцинација во Пакистан
Пакистански полицаец, кој чувал пункт за вакцинација против детска парализа, денеска е убиен од вооружени лица на мотоцикли во северозападниот дел на земјата, соопшти полицијата.
Американските медиуми наведуваат дека пакистанските милитанти често пати ги напаѓаат местата за вакцинација и полицијата што ги обезбедува, затоа што сметаат дека кампањите за вакцинација против детска парализа се дел од западната завера за стерилизација на пакистанските деца.
Овој последен напад се случи на третиот ден од петдневната кампања за вакцинација против детска парализа низ провинцијата.
Вакцинацијата е дел од националната програма за искоренување на детска парализа до крајот на 2021 година, а си неа се има за цел да се вакцинираат 6,24 милиони деца помлади од пет години.
Пакистан и Авганистан се единствените преостанати земји во светот кои се борат со детска парализа, откако Нигерија минатата година успешно ја искорени болеста.
Ново на Сител
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село
-
Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа
-
Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип
-
Израел се подготвува за инвазија во Либан
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема