-->
-->
Милионски грабеж во „Скопје сити мол“
-->
Двајца разбојници украле над милион денари промет од вработен во една од продавниците во трговскиот центар „Скопје сити мол“, кој се движел кон банка за да ги уплати парите.
Според информациите на МВР, вчера околу 09.40 часот, при излегување од Трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје, С.Ѓ. (19), вработен во „Спорт вижн“, се упатил кон „Комерцијална банка“ да изврши уплата на прометот.
„Притоа, тој бил пресретнат од две непознати лица, кои со удар по стомакот и главата му одзеле кеса во која имало 1.049.100 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем