-->
-->
Милиони, куќа во Србија и вртоглава алиментација: Погледнете што се Емина доби од разводот со Мустафа
-->

Емина Јахович и Мустафа Сандал официјално се разведени од 6 јуни во Истанбул, после 10 години брак. Како пренесуваат турските медиуми, српската пејачка ќе добие голема сума на пари после разводот од својот бивш сопруг.
Имено, како наведува турскиот Хабертурк, Мустафа Сандал ќе и остави на Емина две третини од приходот, после продавањето на нивната луксузна куќа во Истанбул. Се шпекулира дека од продавањето на оваа вила ќе заработат најмалку 3 милиони долари.
Освен тоа, Сандал ќе и купи нова куќа на својата бивша жена во Србија, која ќе чини најмалку 250 илјади долари. Исто така, Емина ќе добива алиментација секој месец од 15 илјади турски лири, или 2 800 евра.
Мустафа Сандал исто така ќе плаќа 5 илјади турски лири, односно 938 евра месечно за двете деца посебно, синовите Јавуз и Јаман. Исто така, финансиски ќе го покрива образованието на своите деца, како и одмор, а за тоа ќе издвои 60 илјади турски лири, односно 11 257 евра на годишно ниво.
Се шпекулира дека Мустафа ќе и купи автомобил на Емина дури од 275 илјади турски лири, односно 51 595 евра.
Ни Емина, ни Мустафа не даваат повеќе информации за овие наводи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три девојчиња тепаат и снимаат 11-годишна малолетничка во Чаир | ВИДЕО
-
Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот на Арсовска
-
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо