Свет
29. October 2019 - 15:19

Милионерка од Тајланд пронајдена зацементирана во замрзнувач: Од сметката исчезнале парите, сите траги водат до еден човек

Милионерка од Тајланд, Ване Јирачароенјинг (58) е пронајдена мртва во својот стан, зацементирана во замрзнувач.

Последен пат е видена на 18 октомври кога посетила храм на северот од Тајланд.

Бидејќи не одговарала на пораки, загрижениот брат Ворафан (59) отпатувал во тоа подрачје за да ја најде.

Меѓутоа нејзиното тело е пронајдено во неделата во замрзнувач, а преку него имало цемент.

Истражителите покренале истрага за убиство и трагаат по нејзиниот пријател означен само како Ом. Тој во меѓувреме исчезнал.

Освен тоа, од сметката на жртвата земено е поголемо количество пари, а исчезнале и нејзиниот автомобил и банкарските картички.

Се верува дека Ом може да даде информации што се случило со милионерката која донирала стотици илјади евра во хуманитарни цели.

Се проверуваат граничните премини зошто се верува дека Ом побегнал од земјата.

„Од банката дознавме дека парите се подигнати по нејзината смрт. Кога семејството изгубило контакт со неа, осомничениот подигнал пари од три банкомати. Досега подигнал околу 35.000 евра“, наведе полицијата.

Телото е пронајдено откако соседите се пожалиле на смрдеа која доаѓала од нејзиниот стан.