Милион морски птици угинаа над Тихиот Океан
Во период од летото 2015 година до пролетта 2016 година угинале од глад околу милион тенкоклунести норки, а нивните безживотни тела морето ги исфрли на западниот брег на Северна Америка, од Калифорнија до Алјаска.
Научниците велат дека причината за смртта на птиците е огромната струја на топлата океанска вода која се појавила на североисточниот дел на Тихиот Океан, што се нарекува дамка.
Многугодишниот интензивен бран на морска топлина започна во 2013 година, а се засили за време на летото 2015 година поради моќниот временски феномен наречен Ел Нињо, кој траеше до 2016 година.
Топлотниот бран создаде дамка, односно океанско подрачје големо 1.600 километри, кое било потопло за три до шест степени Целзиусови. Гребенот под висок притисок ги смири океанските води, што значи дека водата останала топла – без бурите која би и помогнале да се олади.
Тие неколку степени повеќе предизвикале пустош во морскиот екосистем, што довело до намалување на микроскопските алги со кои се хранат многу животни, од шкампи до китови. Од друга страна, започна и масовно цветање на штетни алги кои предизвикуваат смрт на многу морски организми.
И на источниот брег на Нов Зеланд се појавила дамка толку голема што може да се забележи од универзумот. Зафаќа еден милион квадратни километри, што е област поголема од Тексас.
Многу ретко може да се забележи дамка од топла вода во океаните на толку голема површина. Научниците велат дека глобалните климатски промени ги прават овие појави сè почести.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп