Милион евра итна помош од Германија за бегалците кои трназитираат низ Западен Балкан
Министерството за надворешни работи на Германија краткорочно става на располагање еден милион евра за хуманитарни цели, со оглед на драматичната ситуација со бегалците кои транзитираат низ Западниот Балкан, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.
- Не можеме да седиме со скрстени раце кога во соседните држави на Европската Унија има бегалци кои се наоѓаат во многу тешка ситуација, барајќи заштита. Важно е сега на лице место да се поддржат владите во нивната одговорност и да им се помогне на бегалците на најбрз и најефикасен начин. За таа цел и како прва итна мерка ставаме на располагање 1 милион евра за згрижувањето на бегалците во државите на Западниот Балкан. Мора да делуваме брзо и да покажеме дека Европската Унија и во тешки времиња се залага за своите вредности, не ги оставаме нашите соседи сами. Тука спаѓа и фер распоредување на бегалците внатре во Европската Унија, како што сме го предложиле тоа во нашиот план за европската политика со беглаци, кој се состои од 10 точки, изјавил министерот за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, стои во соопштението од Германската амбасада во Скопје.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите