Џет-Сет
22. March 2016 - 10:30

Милијардерот Илон Маск се разведува

Британската актерка Талула Рајли поднесе барање за развод од милијардеот Илон Маск, објави „Дејли Мејл“.

Ова е втор обид да се стави крај на овој брак, откако Маск во декември 2014 година поднесе барање за развод, но подоцна го повлече.

Во заедничкото сооштение двојката наведува дека одлуката да се стави крај на бракот и да останат добри пријатели била заедничка. Тие веќе шест месеци не живеат заедно.

Интересно е дека Рајли и Маск се разведоа во 2012 година, по две години брак, но повторно се венчаа година и половина подоцна.

Двојката нема деца, но Маск има пет синови со првата сопруга Џастин, со која беше во брак меѓу 2000 и 2008 година - близнаците Грифин и Хавиер и тројката Демијан, Саксон и Каја.

Односот Маск и Рајли често е опишуван како страствен и див. Милијардерот ја запозна во Лондон во периодот кога се уште се опоравуваше од разводот со првата сопруга. Ги запозна промотерка на еден клуб и недолго потоа тие започнаа врска. Само неколку недели подоцна Маск ја побара за жена и и подари не еден, туку три скапоцени веренички прстени.

Заради проблемите кои ги имаше со компанијата „СпејсЕкс“ и големата финансиска криза во која западна, Маск се повеќе се повлечe во себе, па во времето кога од „Тесла“ направи „ѕвезда“ на модерната индустрија, бракот со Талула веќе беше готов.