-->
-->
Милевски: Време е да се смени менталитетот
-->

Селекторот на младата репрезентација на Македонија Боби Милевски го соопшти списокот за следниот квалификациски дуел за ЕП.
Гостување на С. Ирска на 13. октомври.
За овој важен дуел повикани се фудбалери кои редовно играат во своите клубови а местото го загубија оние кои се во потрага по нови средини како Пивковски и Денковски.
За првпат позив од Милевски доби фудбалерот на Брегалница Стефан Мишев а повратници се Бојку , Амановиќ и Костадинов.
Поради картони не е во комбинација Дарко Велковски.
„ Само со крајно дисциплинирана игра и давање на максимумот може да се дојде до добри резултати. Извлековме поука од поразот на Исланд кога само за 10-тина минути нашата концепција се сруши како кула од карти. Време е да го смениме менталитетот и да почнеме да победуваме на гости иако С. Ирска е доста добра селекција која постигна одлични резултати на стартот на квалификациите“- истакна Смилевски.
Селекторот ги очекува сите повикани репрезентативци на чело со Давид Бабунски на 7. октомври кога стартуваат подготовките.
Средбата се игра на 13.10 во 18ч (локално време).
У-21-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Голмани
Игор Алексоски-Македонија ЃП
Дамјан Шишковски - Работнички
Давор Талевски - Металург
Одбрана
Ѓоко Зајков - Шарлероа
Висар Муслиу - Ренова
Леон Најдовски - Работнички
Алекса Амановиќ- ИМТ Нови Београд
Бесир Демири - Шкендија
Филип Ристовски - Металург
Мевљан Мурати - Шкупи
Среден ред
Бобан Николов- Вардар
Енис Барди - Ујпешт
Бесмир Бојку - Шкупи
Бурхан Мустафов - Пелистер
Даниел Аврамовски - ОФК Београд
Давид Бабунски - Барселона Б
Напад
Марјан Радевски - Шкендија
Кире Маркоски - Работнички
Виктор Ангелов - Металург
Тихомир Костадинов - Банска Бистрица
Демир Имери - Х.Турново
Стефан Мишев - Брегалница
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
