-->
-->
Милевски: Со сериозен пристап до победа над Гибралтар
-->
По натпреварот со Србија во петокот репрезентацијата на Македонија до 21 година отпатува на дуел со Гибралтар од квалификациите за ЕУРО 2019 во Италија. Ова ќе биде трет натпревар за избраниците на селекторот Благоја Милевски. Поради „прекоманда“ Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев се со А репрезентацијата, а Милевски нема да може да смета и на исклучениот од дуелот со Србија Костадин Чешмеџиев.
- Според рангот на УЕФА Гибралтар е аутсајдер, но во денешниот фудбал има ситуации каде не постојат аутсајдери. Затоа максимално сериозно ќе го одиграме овој натпревар за да постигнеме победа над Гибралтар. Инаку, во нашата група секој секого може да победи и четири-пет репрезентации се со квалитет сличен на нашиот, изјави селекторот Милевски.
Утре покрај дуелот Гибралтар - Македонија играат уште: Ерменија - Австрија и Србија - Русија.
Табела: Русија 7 бодови, Ерменија 7, Србија 6, Австрија 3, Македонија 3, Гибралтар 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка