-->
-->
Милевски: Претходните девет натпревари ги одигравме одлично, затоа сме лидери
-->
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на 11.октомври во Скопје го игра клучниот натпревар за пласман Европското првенство 2017 година во Полска, а противник ни е селекцијата на Шкотска. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, во моментот се на првата позиција во групата со еден бод повеќе од Франција, а три од Исланд.
- Овој натпревар е најважен, од прична што претходните девет во групата од квалификациите ги одигравме одлично. Заслужено сме лидери и тоа ни дава за право да се веруваме дека можеме да одиграме на највисоко ниво. Противникот ќе биде подмладен, но тоа не значи дека треба да биде потценет, тоа играчи од Селтик и од екипи од Премиер лигата, изјави на денешниот прес селекторот Милевски.
Тој не коментираше околу третманот на Бесир Демири и Егзон Бејлтулаи од Шкендија, со напомена дека тие го заслужиле местото во оваа селекција. Неизвесен е настапот на Енес Барди, кој има повреда на бутниот мускул, а селекторот очекува тој за десетина дена со соодветната терапија да биде подготвен за дуелот со Шкотска.
За дуелот со Шкотска повикани се следниве играчи:
Голмани: Игор Алексовски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички)
Одбрана: Ѓоко Зајков (Шарлоа), Дарко Велковски (Вардар), Висар Муслиу (Ренова), Алекса Амановиќ (Јавор), Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Бесир Демири (Шкендија), Кристијан Тошевски (Пелистер)
Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт), Давид Бабунски (Црвена Звезда), Даниел Аврамовски (Црвена Звезда), Кристијан Филиповски (Силекс), Тихомир Костадинов (Злате Моравце)
Напад: Марјан Радески (Шкендија), Виктор Ангелов (Ујпешт), Кире Марковски (Работнички), Петар Петковски (Вардар), Ремзифаик Селмани (Ренова), Јован Попзлатанов (Пелистер).
Првиот собирот на репрезентацијата до 21 година за дуелот со Шкотска ќе се одржи на 3.октомври во 16.00 часот на терените на тренинг комплексот во ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје