Милевски: Момците одиграа херојски
Репрезентацијата на Македонија до 21 година освои бод против фаворитот Франција играјќи нерешено 1:1 синоќа во Ле Ман во 6.коло од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Благоја Милевски вели дека играчите потврдија дека можат да се носат со притисокот кој сам по себе се наметнува на ваков натпревар.
- Момците одиграа херојски натпревар, силно се бореа, веруваа во себе и на крајот успеавме да одиграме за честа на Македонија. Рековме дека доаѓаме во Ле Ман да се надигруваме и успеавме во тоа, игравме на победа против состав за кои многумина сметаат дека е најталентираниот во Европа. Честитки за нашите фудбалери, уште еднаш покажаа како се игра за националниот дрес. Во однос на играта, сето договорено пред натпреварот играчите го спроведоа во целост, беа на нивото на натпреварот, покажаа дека можат да се носат со притисокот што го носи ваков тип на натпревар, а за нас како стручен штаб тоа е многу важно. Благодарност за сите кои искрено не поддржуваа, се надевам дека сега и другите не гледаат поинаку, играчите заслужија почит, изјави за ФФМ македонскиот селектор.
Со освоениот бод Македонија ги задржа шансите за пласман на ЕП. По шест натпревари има 9 бодови, три помалку од Исланд и пет од Франција, но и натпревар помалку.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица