Миле Кузмановски - татко по трет пат

Миле Кузмановски деновиве стана татко по трет пат. Фолкерот, кој веќе ги има близначките Ана и Јана, повторно доби ќерка, но деталите околу приновата во семејството не сакаше да ги коментира и во краткиот телефонски разговор кој го имавме со него само се заблагодари за честитките.
и благодарам, имам многу обврски во моментов, на настап сум, ве молам за ова да разговараме кога ќе бидам послободен, замоли фолкерот.
Инаку, пред неколку години Кузмановски се соочи со голема трагедија, односно неговата сопруга и мајка на близначките ја изгуби битката со ракот, а по нејзината смрт пејачот за ВЕЧЕР изјави
Оптимизмот е двигател на позитивната енергија кај луѓето, а и кај мене. Животот никогаш не се избегнува, а мирот секогаш го наоѓам кога ми треба. Смисловна содржина на мојот живот му даваат ќерките Ана и Јана", потенцираше тогаш.
Последно нешто, пак, што слушнавме на музички план беше дуетската "Живели брате" која ја сними со Жика кој, пак, беше дел од составот "Браво бенд", а се уште се актуелни и темите од албумот "Шприцер" кој го промовираше во 2015 година.
Ново на Сител
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
-

Почуствуван земјотрес во Тетово
-

Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени
-

Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
-

Приведен 46-годишен турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти
-

Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“
