Милатовиќ пред ОН: До 2028 година Црна Гора меѓу членките на ЕУ

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, пред светските лидери на Генералната дебата на 81. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации порача дека оваа генерација има одговорност до 2028 година да го заврши европскиот пат на земјата, да покаже дека Балканот може да ги остави старите поделби зад себе и на идните генерации да им остави повеќе можности отколку што ги имала самата.
Милатовиќ истакна дека Црна Гора останува посветена на ефикасен мултилатерализам, регионална соработка, европска интеграција и меѓународното право. Тој потсети дека Црна Гора годинава одбележува две децении членство во Обединетите нации како суверена држава.
– За Црна Гора Европската унија не е само одредиште, туку пат проткаен со вредности на кои државата е силно посветена, рече Милатовиќ.
Тој истакна дека Црна Гора е горда што денес го предводи процесот на европска интеграција на регионот и оти е подготвена да послужи како пример за другите држави кандидати.
– Нашата цел е јасна: до 2028 година гордо да гледаме како знамето на Црна Гора се вее меѓу знамињата на земјите членки на Европската унија, порача црногорскиот претседател.
Милатовиќ потсети дека европската перспектива на Западен Балкан беше потврдена уште на Самитот во Солун во 2003 година, во време кога мултилатерализмот беше во подем, а Европската унија ги отвораше вратите за нови членки, додека Балканот штотуку излегуваше од сенката на војните и поделбите од 1990-тите.
Денес, оцени тој, меѓународното опкружување е значително поинакво, а меѓународниот поредок влегува во нова и неизвесна фаза. Во такви околности, проширувањето на Европската унија претставува стратешка визија и една од најважните инвестиции на Европа во мирот, безбедноста и долгорочната стабилност.
– Иднината на целиот Балкан е во Европската унија, порача Милатовиќ.
Во своето обраќање, тој посочи дека во време на војни, геополитички ривалства, климатски промени и забрзан технолошки развој, меѓународната заедница мора да ја обнови довербата во мултилатерализмот, меѓународното право и институциите што треба да ги штитат мирот, безбедноста и човечкото достоинство.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
