Милатовиќ по преземањето на функцијата: Ќе бидам кохезивен фактор во борбата за подобра Црна Гора
Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ вчера положи заклетва во Собранието на Црна Гора и ја презеде должноста претседател на таа земја.
Милатовиќ во својот говор истакна дека ќе биде претседател на сите граѓани, дека ќе работи на економско промоција на Црна Гора и добрососедски односи, јави Радиотелевизија на Црна Гора.
„Ќе бидам вистински претседател на сите граѓани, без оглед на нивната национална и верска припадност“, рече Милатовиќ.
Тој рече дека ќе се посвети на „елиминација на внатрешните поделби, изградбата на силни и независни институции, афирмација на човековите права, непристрасна распределба на правдата, општество на еднакви можности, како и воспоставување одржлив економски модел“.
Тој истакна дека ќе биде кохезивен фактор во заедничката борба за подобра Црна Гора. Најави дека нема да има отстапување од „стратешките насоки и заложби кои ја вклучуваат Црна Гора како дел од европското и евроатлантското семејство“.
„На цивилизациски план за мене нема сомнеж каде припаѓаме. Ние припаѓаме на Европа која е обединета во нејзината различност. Црна Гора ќе продолжи да чекори кон исполнување на нејзините надворешнополитички и стратешки определби“, рече Милатовиќ.
Новиот претседател на Црна Гора истакна дека негов приоритет ќе биде забрзување на патот кон членство во Европската унија и додаде дека на сите земји во регионот им е потребна европска визија.
На инаугурацијата на Милатовиќ присуствуваа 200 гости, меѓу кои и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Ново на Сител
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција