Милатовиќ: Дополнително ќе се консултирам со надлежните органи за инаугурацијата
Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави дека дополнително ќе се консултира со надлежните државни органи и во наредните денови ќе донесе одлука за тоа каде ќе се одржи инаугурацијата.
На прес-конференција со шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром, тој рече дека би сакал да верува во искреноста на зборовите на градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ.
„Но, ако кажам дека градоначалникот не ни честиташе, дозволете да се посомневам во неговите зборови“, додаде Милатовиќ.
Тој потсети дека со Уставот е пропишано дека инаугурацијата на претседателот е чин што се случува пред пратениците во Собранието.
„Тоа е нешто за што ќе одлучиме во наредните денови, пред се во консултација со полицијата. Целта ми е тој ден да биде еден свечен чин, една нова и порамноправна Црна Гора“, порача Милатовиќ.
Зборувајќи за настапот на Движењето Европа сега на парламентарните избори, тој рече дека се уште нема одлука за тоа.
„Во овие два изборни циклуси покажавме дека како Движењето Европа сега имаме важна политичка улога во Црна Гора, целта на нашиот настап на следните избори е земјата да добие една стабилна реформска влада која мене како претседател ќе ми помага во главната цел – членство во Европската Унија“, додаде Милатовиќ.
Ново на Сител
-

Јовева: ЕК не е фер - Македонија има напредок
-

СДСМ: Најлош извештај во последните 10 години
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Муцунски: И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на ЕУ
-

Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
