Милановиќ во ОН: Да се избегнат акции што ја поткопуваат стабилноста на Балканот
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк потенцираше дека Хрватска промовира добрососедски односи и ги повикува сите држави да се воздржат од акции што ја нарушуваат стабилноста на Балканот.
Во вчерашното обраќање, Милановиќ нагласи дека Хрватска продолжува да се залага за легитимни политички процеси како основа за напредок на регионот на Југоисточна Европа.
– Членството во Европската Унија не е решение за сите предизвици, но останува силен двигател на просперитетот, што е очигледно во Хрватска. Промовираме добрососедски односи и повикуваме на воздржаност од активности што можат да ја поткопаат стабилноста во регионот, рече Милановиќ.
Тој посочи дека Хрватска инсистира на целосно почитување на уставниот поредок, суверенитетот и еднаквоста на трите конститутивни народи во Босна и Херцеговина.
– Сите страни, како и меѓународната заедница, мора да го почитуваат Дејтонскиот мировен договор. Почитувањето на правото на конститутивните народи да избираат свои легитимни политички претставници на сите нивоа на власта е основен предуслов за трајна стабилност, напредок и европска БиХ, нагласи тој.
Милановиќ додаде дека траен мир не може да се наметне, туку мора да се изгради и дека за да биде одржлив треба да се заснова врз темелните столбови на секое праведно и просперитетно општество – почитување на човековите права и инклузивен и праведен развој.
Хрватскиот претседател потсети дека, иако поминале 30 години од крајот на војната за независност, семејствата во Хрватска сè уште трагаат по 1.744 исчезнати лица.
– Правдата насочена кон преживеаните е вградена во нашето законодавство и ги охрабруваме другите да го следат тој пример. Го споделуваме и хрватскиот модел за пронаоѓање на исчезнати лица, кој се заснова на ефикасна меѓуагенциска соработка и сеопфатен и транспарентен пристап без дискриминација, во согласност со највисоките меѓународни стандарди, додаде тој.
Милановиќ повторно упати повик за итно запирање на масакрот во Појасот Газа и за универзално признавање на легитимните политички аспирации на палестинскиот народ.
Тој оцени дека реформата на Обединетите нации е „егзистенцијална неопходност“ и дека организацијата мора да се прилагоди за да остане релевантна и ефикасна.
– Ја поздравуваме иницијативата на генералниот секретар „UN80“ како можност не само да ги прославиме досегашните достигнувања, туку и да ги реформираме и ревитализираме ОН. Реформата на Советот за безбедност останува клучна – тој мора да стане поинклузивен, поефикасен, потранспарентен и поодговорен. Хрватска ја поддржува сеопфатната реформа, вклучително и засилено застапување на недоволно застапени региони, особено Африка, рече Милановиќ.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Израел и Хамас се блиску до постигнување некаков договор
-
Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси
-
Израелската армија повторно нападна цели во главниот град на Јемен, Сана
-
Полесно повреден возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија - Богданци, се отстранува истеченото гориво
-
Зеленски се закани со напади врз Кремљ
-
Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“
-
Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија
-
Сиљановска - Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство