Милановиќ одбива иницијатива за заеднички ден на сеќавање на жртвите од војните во поранешна Југославија
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ отфрли иницијатива на српскиот колега Александар Вучиќ за заеднички ден на сеќавање на жртвите од војните во поранешна Југославија, и пред да биде официјално направен предлог.
- Со должна почит и сочувство, ние не му ги одредуваме некому празниците и деновите за сеќавање, ниту пак некој може нам да ни кажува, изјави денеска Милановиќ.
Српски медиуми вчера јавија дека премиерот Александар Вучиќ ќе предложи на претстојната конференција за Западен Балкан во Виена заеднички ден на сеќавање за жртвите од судирите на просторот на поранешна Југославија.
На прес конференција тој рече дека на 27 август во Виена ќе им предложи на лидерите од државите што учествувале во судири на простор на поранешна Југославија да се изнајде заеднички ден на сеќавање на сите жртви “кои не би биле разликувани по национална припадност“.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот