Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска
Зоран Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска, откако точно напладне со давање свечена заклетва се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно.
Како што јави дописникот на МИА, Милановиќ заклетвата ја прочита на мала церемонија на Пантовчак, во присуство на своето семејство, на сега веќе поранешната претседателка Колинда Грабат-Китаровиќ, премиерот Пленковиќ и претседателот на Собранието.
Во говорот Милановиќ кажа дека за време на својот мандат ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред се со соседните држави. Тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата
– Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Патриотизам е афирмација на вредности кои не прават подобро општество. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството – кажа Милановиќ.
Милановиќ и петтиот претседател на независна Хрватска.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи