-->
-->
Милановиќ: Хрватска ја принуди Унгарија да ги прифати бегалците
-->

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска ја принудила Унгарија да ги прими бегалците и дека тоа ќе го прави и во иднина.
- Со Унгарија немаше договор. Ги принудивме да ги примат бегалците така што ги испративме луѓето таму, тоа ќе го правиме и понатаму, изјави хрватскиот премиер за време на посетата на Бел Манастир, јави „Јутарњи лист“.
Милановиќ за проблемот со бегалците ги повика и Грција и Турција.
- Проблемот со бегалците е во Грција и Турција. Преку грчките острови минуваат 75-80 проценти од сите мигранти. Тоа треба да се спречи, ЕУ тоа треба да го преземе, изјави Милановиќ.
Синоќа 40 хрватски полицајци проследија воз со околу 800 мигранти на унгарска територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
