Милан славеше во Џенова

Горан Пандев и Џенова попладнево се поразени со 2-0 во дуелот со Милан во италијанското калчо. Капитенот на нашата репрезентација беше стартер на мечот и пропушти голема шанса за водство на домашниот тим.
Џенова иако креираше неколку убави прилика во првенствениот меч со Милан сепак не успеа да го совлада Донарума. Во самиот финиш беше платена и казната кога гостите набрзина постигнаа два гола и заслужено се радуваа на победата. Головите за Милан ги постигнаа Борини и Сусо. Оваа победа го искачи Милан на 4. Место на табелата пред Рома и Лацио додека Џенова е на седум места од дното со 20 бода.
Барселона цврсто гази кон нова титула во Шпанија откако го совлада Леганес со 3-1 пред својата публика и сега има 5 бода предност пред Атлетико Мадрид.
Дембеле го отвори резултатот но Леганес успеа да израмни со погодокот на Брејтвајт.
Во продолжението во игра влезе Меси и по неговиот удар Суарез од сомнителна ситуација донесе ново водство од 2-1 а токму Аргентинецот во судиското надополнување ја запечати новата победа на каталонскиот тим.
Ново на Сител
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
