Микл-Лајтнер: Домино ефектот кон Балканот се одвива според планот
Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер денеска изрази задоволство од „домино ефектот“ на Балканот, после одлуката на официјална Виена да го ограничи приемот на бегалци годинава на 37.500 баратели на азил.
- Домино ефектот долж балканската рута се одвива како што беше планирано. Важно е секоја земја да го заостри своето дејствување на границата и тоа да го правиме усогласено, порача Микл-Лајтнер по најавите на Словенија, Хрватска, а и Србија и Македонија за запирање на бранот бегалци, пренесува Танјуг.
Таа потенцираше дека пред се со Словенија, Австрија интензивно го усогласува своето дејствување.
- Одиме чекор по чекор, потенцира Микл-Лајтнер.
Досега, во тековната година, во Австрија околу 9.000 поднеле барање за добивање азил, што значи дека до крајот на годината, во просек, уште 90 до 100 луѓе дневно можат да поднесуваат барање за азил во оваа земја.
Ново на Сител
-
Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија
-
Приведени двајца дилери, пронајден кокаин на подрачјето на СВР Струмица | ФОТО
-
Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
-
Без вода дел од Сопиште
-
Прекин на услугите на Google предизвика проблеми за корисниците
-
Тони домати и праски од Албанија блокирани во Хрватска, содржеле пестициди и никел
-
Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд
-
Трамп: Ќе продолжам да се борам за мир во Украина