Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија
Македонскиот кикбоксер Стефан Михајловски со бронзен медал се врати од неодамнешното Европско сениорско првенство во Атина. Тој настапуваше во категоријата кик лајт, + 94 кг и беше блиску до финалето. И покрај пропуштената шанса да се бори за златото, Михалјовски во интервју за МИА, како успешен го оцени својот настап во грчката престолнина.
„Првенствено како посветен спортист во областа на кикбоксот учеството на Европското првенство за сениори како и претставувањето на нашата држава како дел од репрезентативниот тим за мене претставуваше голема чест. Среќен сум што донесов медал за Македонија. Првата борба ми беше против германскиот репрезентативец Стефан Тих во која сметам дека одлично се претставив и прикажав боречки техники постигнати со макотрпни тренинзи и подготовки. Секако дека сум задоволен со освојувањето на бронзениот медал на ова Европско првенство, иако многу малку недостигаше во втората борба со украинскиот репрезентативец Бабенко да влезам во финалето и да се борам за златниот медал. Се работеше за разлика од еден поен согласно одуката на судиите, но сепак резултатот не беше поволен за мене. Иако не влегов во финалето сепак закитувањето со бронзен медал е спортски успех, големо искуство и можност за прикажување на постигнатите спортски вештини.“ - вели Михајловски.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа