Loading Video...
Ракомет
15. July 2021 - 14:39

Михајловски потврди – Ќе биде платен депозитот и Вардар ќе игра во ЛШ

РК Вардар ќе ја подмири обврската кон ЕХФ и ќе игра во Лигата на шампионите
 
Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, потврди  дека клубот ќе го уплати 1 милион евра сима која ЕХФ ја бара како депозит за настап на македонскиот првак во Лигата на Шампионите.
 
„Средства ќе се обезбедат, ќе бидат уплатени до крајниот рок и Вардар ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона“– кратко изјавил Михајловски. 
 
Првата рата требаше да биде уплатена до завчера, а крајниот рок за плаќање на целата сума на депозитот е 27 јули. 
 
ЕХФ овој депозит го побара како гаранција дека ќе бидат подмирени долговите што Вардар ги имаше кон некои ракометари како неисплатени обврски од времето кога сопственик беше Сергеј Самсоненко.