Михајловиќ: Отворен Балкан е можност трите држави да бидат енергетски побезбедни
Иницијативата „Отворен Балкан“ претставува можност Србија, Албанија и Северна Македонија заедно да реализираат проекти во областа на енергетиката, пред се во делот на нови капацитети и за зајакнување на енергетската безбедност, изјави српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.
-Иницијативата „Отворен Балкан“ е одлична можност и за поврзување и соработка за поголем проток на луѓе, стока и капитал, како и за заеднички проекти, рече Михајловиќ денеска во Белград каде се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата „Отворен Балкан“.
Нагласи дека денеска во Белград доаѓаат премиерите на Албанија и на Северна Македонија и дека ќе бидат потпишани неколку спогодби.
-Имаме и заедничка енергетска кризна група за која неодамна говоревме во Тирана. Со Северна Македонија имаме неколку проекти кои планираме да ги реализираме. Еден е гасоводот со капацитет од 1,4 милијарди кубни метри гас што ќе чини околу 20 милиони евра. Исто така, разговараме и за можностите да градиме заедничка соларна електрана, рече Михајловиќ.
Кога е во прашање Албанија и изградбата на нов ЛНГ терминал, додаде, разговараме за можностите Србија да биде дел од тој проект.
-Тој терминал би требало да биде оперативен за две години. Ќе има капацитет од пет милијарди кубни метри гас и би било многу значајно да имаме можност за снабдување. Она што е важно за трите држави, за што исто така разговаравме, е и заедничкото балансирање на електричната енергија со оглед на фактот што сите имаме капацитети кои користат обновливи извори на енергија и во план е нивно зголемување, потенцира Михајловиќ.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО