Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се имињата на четирите бебиња, родителите ги чекале 5 години

Благослов од Бога и неизмерно сме среќни, вели Александар Зиков, татко на штипската четворка која се роди пред два дена во Скопје. Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се во добра здравствена состојба и се во инкубатор. Александар и Благица ги чекале речиси пет години. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека во текот на денот ќе се слушне со таткото на штипската четворка, со цел како да им се помогне.
-Со радост ја примив веста и информацијата. Еднократно парично ќе помогнеме како општина, но и дополнително ќе ја искористам приликата во текот на денот да искомуницирам со членовите на семејството, за одблизу се информираме и осознааеме за економскиот статус и потребата од дополнителна поддршка во рамки на нашите надлежности. Секој поддршка е добредојдена во овој момент и ова се убави вести кои заслужуваат поддршка не само од институциите, туку од сите добронамерници, вели Јорданов.
Александар е врботен, а мајката Благица која има 29 години, не може да добие платено породилно боледување, бидејќи какошто вели Александар и недостсуват две недели за да го исполни бараниот критериум од шест месеци. Четворката е предвреме родена во 31 недела. Новороденчињата се зачнати ин витро во клиника во Турција, а се родени во Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебињата се долги по 31 сантиметри, а нивната тежина е од 1,150 до 1,370 килограми.
Ново на Сител
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
