Мигранти од Хиос се обиделе да се вратат во Турција

Двајца бегалци, кои пред два месеци побарале азил во Грција, но нивните апликации се уште не се разгледани, украле чамец и се обиделе од Хиос да се вратат во Турција, јави дописникот на МИА од Атина.
Еден 32-годишен Сириец и 28-годишен Египќанец вчера украле чамец од пристаништето Светa Хермиона на Хиос и отпловиле кон турскиот брег. Сепак, тие биле забележани од патролен брод на Фронтекс и биле вратени назад на островот. Двајцата бегалци се уапсени и обвинети за кражба, додека пловилото било вратено на сопственикот.
Во меѓувреме, во последните 24 часа на Хиос пристигнале вкупно 52 мигранти и бегалци, додека на Лезбос и Самос не се регистрирани нови пристигнувања.
Полицијата соопшти дека на Лезбос, Хиос и Самос денеска се регистрирани 9.921 бегалци и мигранти, и за првпат по подолго време оваа бројка е под 10 илјади.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
