Мигранти го запалија прифатниот центар на Лампедуза
Група мигранти запалија прифатен центар на италијанскиот остров Лампедуза, но во пожарот за среќа никој не е повреден, соопштија изутрината локалните власти.
Градоначалникот на Лампедуза, Џузи Николини изјави синоќа дека е запалена една зграда во центарот за сместување бегалци и оти полицијата идентификувала четворица мажи осомничени за предизвикување пожар.
Пожарот почна со палење на четири душеци, а вкупната штета се уште не е утврдена, изјави портпаролот на противпожарната служба.
Бегалскиот камп на Лампедуза, првиот европски град во кој пристигнуваат десетици илјади мигранти, кои од Африка преку море се упатуваат кон Европа, веќе два пати е делумно оштетен во пожари во 2009 и 2011 година.
Изминатите две години во Италија со бродови и чамци пристигнале повеќе од 320 илјади мигранти, а од почетокот на годината стигнале 31 илјада.
Во прифатниот центар на Ламедуза на мигрантите им се земаат отисоци од прсти и се работи на нивна идетификација
Ново на Сител
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“
-
Го следеле, нападнале и му одзеле илјадници денари- Двајца осомничени за разбојништво
-
Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
-
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството
-
Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација