Македонија
21. August 2015 - 9:56

Mигрант прободе полицаец кај Гевгелија

Порталот Гевгелија нет објави дека припадник на специјалните полициски сили распореден за обезбедување на Железничката станица во Гевгелија, синоќа околу 23 часот бил прободен од засега неидентификувано лице – мигрант на поминување низ Гевгелија. Настанот се случил во близина на Бензинската на Макпетрол која се наоѓа под надвозникот на влезот во Гевгелија. 
 
Очевидци на случката раскажале за Гевгелија нет дека екипа на специјалните полициски сили заобиколила група од десетина мигранти со цел да се идентификува сторителот, а несреќно прободениот полицаец се уште лежел на стомак на асфалтот со грчевити тресења на екстремитетите. 
 
Повеќе детали се најавени подоцна