Мицотакис: Тежок и тажен ден за Грција
Денеска е тежок и тажен ден за Грција, порача лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата дадена веднаш по изгласаната ратификација, на како што наведува, „штетниот Договор од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Ратификација значи по прв пат, од грчката Влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје. Така, се напушта децениската национална линија. Господинот Ципрас кажа „да“ онаму каде што сите негови претходници рекоа „не“. Причините, му се само нему познати, рече лидерот на Нова демократија.
Мицотакис го повтори и она што го најави во вчерашниот негов говор во Парламентот дека Нова демократија, дека како влада, ќе го искористи правото на вето за интеграција на Македонија во ЕУ.
-Лично, зборував искрено за големите тешкотии што доаѓаат од спроведувањето на договорот. Но, се обврзав дека ќе останам цврсто на националната должност: нема да го отфрлам правото на Грција да стави вето за интеграција на Скопје во Европската унија. Ќе се борам со сите мои сили за да ги ублажам негативните последици кои е сигурно дека ќе произлезат од проблематичниот договор, рече Мицотакис.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден