Мицотакис со поддршка на ЕУ перспективата на соседите, СИРИЗА го поздравува „салтото“ на владата
Поддршка за членство во ЕУ за северните соседи, изрази премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис пред почетокот на вчерашниот самит на Унијата, позиција која од опозициската СИРИЗА ја коментираат како големо „салто“, но истовремено и ја поздравуваат, jави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер рече дека за Западен Балкан, Грција е столб на стабилноста, изрази поддршка за членство во ЕУ, но доколку се почитуваат меѓународните договори, владеењето на правото и малцинските права – став кој Атина го изразува во однос на Албанија.
-Го поддржуваме патот до членство на ЕУ за нашите северни соседи, под услов целосно да ги почитуваат меѓународните договори што ги имаат потпишано, да се посветени на владеењето на правото и секако да ги почитуваат правата на малцинството, рече Мицотакис пред почетокот на Самитот на ЕУ.
Изјавата на грчкиот премиер, преку соопштение ја коментираа од опозициската СИРИЗА.
-Го поздравуваме ова големо салто на господинот Мицотакис сега кога бара почеток на интегративниот тек за Северна Македонија и целосно почитување на Договорот од Преспа, соопштуваат од опозициската СИРИЗА и додаваат дека тоа е во корист и на Грција и на Европа.
Од СИРИЗА коментираат дека можеби следниот пат, Мицотакис наместо „северни соседи“, ќе изговори „Северна Македонија“.
-Следниот пат кога ќе ги спомене нашите „северни соседи“, можеби и ќе успее да изговори и „Северна Македонија“, велат од грчката опозициска партија, истакнувајќи дека „борците за Македонија“ кои му помогнаа да дојде на власт, „сега сфаќаат дека ги измами“.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро