Мицотакис: Промена на Уставот, предуслов за решение
Комплетно решение со ерга омнес име и уставна промена, се предусловите за договор меѓу Македонија и Грција, според лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој е во Софија на Самитот на европските народни партии.
- Решението на проблемот со името, треба да биде комплетно, но и едно. А како неопходен предуслов има, не само ерга омнес, туку и уставна промена во соседната земја. И оваа уставна промена е предуслов за решение, од кое нашата земја не може да отстапи ниту милиметар, вели Мицотактис и додава дека стратешки стремеж на Грција е влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО, но потребно е претходно да се исполнат условите, а како главен, тој ги споменува добрососедските односи.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на Нова демократија, овие позиции, како во однос на прашањето за името, така и за европската перспектива на Западен Балкан, му ги пренел на бугарскиот премиер на нивната вчерашна средба, во рамките на Самитот на европските народни партии.
Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов, разговарале за регионот, но и за прашањето за името.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата