Мицотакис: Нова демократија ќе направи сѐ за да не се ратификува Договорот од Преспа
Претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис синоќа од Солун порача дека неговата пратија ќе направи сѐ што може за да ја спречи ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, рече дека во Парламентот започнува исклучиво критична расправа за националното прашање, а сите пратеници за одлуките ќе бидат соочени со нивната совест и со историјата, јави дописничката на МИА од Атина.
-Договорот од Преспа е лош договор. Бидејќи за прв пат Грција официјално отстапува македонски јазик и македонски идентитет на соседите и на овој начин ја напушта децениската политика од причини кои само Ципрас ги знае. Нова демократија на расправата ќе дојде координирана, со трезвеност и решителност. Ќе им објасни на грчките граѓани зошто овој договор е лош договор. И ќе направи сѐ што може за да ја спречи ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, рече Мицотакис.
Тој го повтори барањето на Нова демократија, Парламентот да го има на увид македонскиот Устав истакна дека е несфатливо да се води дискусија без претходно да биде доставен конечниот, ревидиран и пречистен текст на Уставот.
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан