Мицотакис: Не постои причина за предвремени избори
Приоритет во овој момент е реорганизација на земјата, нема причина за избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателите на локалните ограноци на Нова демократија, со што ги демантираше шпекулациите дека поради големата предност на партијата на истражувањата на јавното мислење, постои сценарио за предвремени парламентарни избори, јави дописничката на МИА од Атина.
-На сите овие шпекулации дека можеби сега е време да одиме на избори, бидејќи имаме значајна предност, како што изглед од анкетите, одговорот е „не“. Затоа што не постои причина за избори. Приоритетот во овој момент е да ја реорганизираме земјата и пред нас имаме доволно политичко време за да го искористиме политичкиот капитал што великодушно ни го даде грчкиот народ. Не ни го даде за да одиме на избори, ни го даде за да ја искористиме оваа голема криза, како шанса да ја смениме нашата татковина. И тоа имаме намера да го сториме, рече Мицотакис.
Ново на Сител
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал