Мицотакис: На 15 јуни ќе се отворат копнените граници со соседните земји
Во разговорите што ги имавме со балканските лидери констатиравме дека имаме приближно слични епидемиолошки податоци, и ќе бидеме подготвени целосно да ги отвориме нашите копнени граници со соседните земји, проценуваме, на 15 јуни, ако нешто драстично не се смени, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата во Солун со префектот на областа централна Македонија Апосотолос Ѕиѕикостас, јави дописничката на МИА од Атина.
Ѕиѕикостас рече дека тие оваа година ќе му дадат тежина на копнениот туризам, кој „колку е можно, може да го спаси туризмот“, додека пак Мицотакис истакна дека често во Грција се заборав „дека повеќе од десет милиони посетители, доаѓаат по копнен пат во земјата“.
-Северна Грција има предност, бидејќи е повеќе зависна од патниот туризам, од земји кои досега многу добро успеаа да се справат со пандемијата. Според тоа, не ни создаваат особена епидемиолошка загриженост за да можеме да ги отвориме границите со некои основни контроли со земање случајни примероци и секако, секогаш, придржувајќи се до сите протоколи за безбедност, рече Мицотакис.
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек