Свет
15. January 2020 - 19:24

Мицотакис ја предложи претседателката на највисокото судско тело за претседател на Грција

По првпат, Грција е на пат да добие жена претседател, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за таа функција ја предложи претседателката на Советот на државата Екатерини Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Советот на државата е највисокиот суд во Грција, а Сакеларопулу е првата жена избрана за претседател на судот во 2018.