Мицотакис: Имаме подготвено рестриктивни мерки доколку Турција се врати на агресивното однесување кон Грција и Кипар
Имаме подготвен сет рестриктивни мерки што би можеле да се употребат доколку Турција се врати на агресивното однесување кон Грција и Кипар, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на состанокот на европратениците на Европската народна партија, јави дописничката на МИА од Атина.
– Бидејќи тоновите делумно се сменија, не сакам да верувате дека не продолжуваме да бидеме мета на агресивна реторика од Турција, која секако има недостиг на сериозност. Мора да бидеме свесни за фактот дека не постои суштинска промена во турската политика кон Грција. Поради тоа го следиме и овој пристап на две нивоа, подавајќи рака на пријателство, а истовремено имаме подготвен сет можни рестриктивни мерки што би можеле да се употребат доколку Турција се врати на агресивното однесување кон Грција и Кипар, истакна Мицотакис.
Во однос на мигрантското прашање тој нагласи дека за 90 отсто се намалени бегалските бранови кон Грција, дека земјата докажа оти може да функционира „ефикасната заштита на надворешните граници со целосно почитување на основните права“, но и дека е потребна поголема поддршка од Турција која „мора да ја заштити својата источна граница“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема одговор од владата кој направил и како успеал да направи хибриден напад во државата
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија
-
Интервенции по невремето во Македонска Каменица
-
Одржан кординативен состанок по невремето во Делчево
-
Скопје бара осуда на говорот на омраза во бугарското Собрание, Софија предлага потпишување на протоколот по Договорот за добрососедство
-
Невремето откорна дрвја и попречи патишта во Кривопаланечко
-
Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување
-
Почнува самитот на лидери на Г7