Мицотакис: Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Македонија

Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Македонија, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на учеството на Самитот ЕУ- Западен Балкан и како што информираат од неговиот кабинет, ја повикал нашата Влада да ги почитува обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно ја истакнал потребата да се одржи жива европската перспектива на Западен Балкан, потенцирајќи дека ЕУ интеграцијата на земјите од регионот е стратешки избор на Грција.
Мицотакис ја споменал и солунската агенда од 2003 година и рекол дека „текстот од Солун е актуелен и 17 години подоцна”.
Во однос на Албанија рекол дека е направен напредок, но сепак очекува чекори од албанската Влада за заштита на правата на грчкото малцинство.
Грчкиот премиер особено се задржал на бегалското прашање, барајќи од Европа да ја изврши нејзината обврска, а побарал и соработка со земјите од Западен Балкан во борбата со нелегалната миграција.
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
