Мицотакис: Да не се прескокне редот за ЕУ перспективата на регионот- прв приоритет решение меѓу Бугарија и Северна Македонија
За евентуалната ЕУ перспектива на Украина и Молдавија, меѓу другото, говореше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дискусија во рамките на 27-от Конгрес на Европската народна партија во Ротердам, каде што истакна дека сепак не смее да се попречи редот, да не се заборави Западен Балкан, посочувајќи дека прв приоритет е решавање на прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија за да започнат преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис објасни дека за еден месец ќе се одржи дебатата за идното членство на Молдавија и Украина во Европската унија, потенцираше дека дискусијата „нема да биде лесна, бидејќи веќе чувствуваме дека има различни ставови во Европскиот совет“, но и дека го очекуваат мислењето на Европската комисија.
Додаде дека „ако навистина постои свет пред и по 24 февруари, ова мора да биде земено предвид кога размислуваме во однос на тоа колку сакаме да бидеме отворени за да им понудиме кандидатски статус на овие земји“.
-Од друга страна, не смееме да го заборавиме Западен Балкан. Ова е тема што длабоко не допира. Треба да бидеме сигурни дека нема да испратиме сигнал дека редот е попречен. И првиот приоритет што го имаме во овој поглед е да обезбедиме решение на отвореното прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија, за да можеме, како Европска Унија, да ги започнеме релевантните преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Мицотакис.
Посочи дека мора да се препозна уникатноста на она што се случи во Украина, но без да се заборави фактот дека има и други земји во овој процес.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
